Бекот Џордан Пул добива мега договор од Голден Стејт

194

Бекот Џордан Пул наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Голден Стејт Вориорс и за тоа ќе си добие неверојатна плата, пренесува ЕСПН. Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година, 23 годишниот кошаркар според новиот договор ќе добие 140 милиони долари за четири сезони. Преговорите се во завршна фаза и наскоро ќе биде потврдено и од клубот и од неговите агенти.

Пул кој беше одбран од 29 позиција на НБА драфтот во 2019 година, ќе ја започна четвртата сезона со „Воините“. Минатата сезона ја заврши со просек од 18,5 поени и 4 асистенции во 76 одиграни натпревари, а на крајот го крена и трофејот.

ПретходноСрбија го прегази Бразил и ја одбрани светската одбојкарска круна! (ВИДЕО)
СледноЗа Конте 15 милиони фунти по сезона!