Будуќност „преголем залак“, МЗТ Скопје убедливо поразен во Подгорица

121

МЗТ Скопје го запиша и третиот пораз во АБА-лига. Актуелниот македонски првак немаше шанса за посакуваната сензација во 3. коло против црногорскиот состав на гости. Избраниците на Александар Петровиќ беа поразени со убедливи 89-66.

По 23-10 во првата четвртина, „сино-белите“ имаа добри минути во следните десет минут, ги добија 16-21, па на одморот заминаа со негатива од 39-31.

Сепак работите одново се промени, Будуќност го доби третиот период со 25-15 згаснувајќи го сонот на МЗТ Скопје за прва победа.

Максвел имаше 12 поени, Ајви и Дамјан Стојановски запишаа по 11, на другата страна Бел-Хејнс имаше 21 поен.

По оваа средба, МЗТ Скопје се врати кон домашниот шампионат, на 19 игра против Гостивар, додека на 23 октомври го пречекува тимот на Студенски вистинска шанса за победа.

ПретходноТотенхем држи ритам со врвот
СледноНишто ново кај Мрме, нов пораз на Горица