Кавани даде два гола но Валенсија не го совлада „фенерџијата“ (видео)

171

Екипата на Валенсија одигра 2:2 против Елче во шпанската Ла Лига. „Лилјаците“ важеа за фаворити но не ја оправдаа улогата. Гостите поведоа со гол на Пере Мила од пенал во 29. минута, меѓутоа Единсон Кавани со два гола пред крајот на првото полувреме го сврте резултатот во корист на Валенсија. Тоа беа први голови на Уругваецот за клубот од Местаља.

Сепак, Елче извлече бод со вториот погодок на Мила на мечот во 65. минута.

Валенсија го впиша второто реми сезонава, а Елче е последен со три бода од кои два освои во последните две кола.

Претходно Џирона и Кадиз одиграа 1:1, вечерва ќе се соочат Мајорка-Севиља и Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид.

Valencia 0 – [1] Elche – P.Milla 29′

Oct 15, 2022

Valencia [1] – 1 Elche – E.Cavani PEN 41′

Oct 15, 2022

Valencia [2] – 1 Elche – E.Cavani 45+7′

Oct 15, 2022

Valencia 2 – [2] Elche – P.Milla 65′

Oct 15, 2022

ПретходноМеталург со уште еден убедлив пораз од ПАОК го заврши настапот во ЕХФ купот
СледноРоналдо откри: Две и пол години одам на терапија