Гари Линекер, легендата на европскиот и пред се на аглискиот фудбал, деновиве излезе со шокатна изјава и тоа на тема фудбалери хомосексуалци.
“Познавам двајца познати фудбалери кои се геј. И двајцата ми кажаа дека се многу блиску тоа да го објават јавно. Секако дека не е мое да ги кажам нивните имиња, но убаво ќе биде тоа да го објават на СП во Катар. Искрено за мене лично тоа не е тема на разговор, но знам дека и двајцата стравуваат од тоа како ќе реагираат нивните соиграчи и пред се фановите и јавноста“ посочи Линекер со што ја шокираше јавноста.