Ќе биде интересно во Штип попладнево. Под Исарот играат Брегалница и Силекс, ова е меч од 11.коло во ПМФЛ. За кратовци се беше идеално до минатиот викенд кога загубија дома од Победа и тоа со 0:3. Токму затоа денеска составот на Горазд Михаилов е силно мотивиран да покаже што знае на гостувањето во Штип.
„Она што беше со Победа е зад нас. Сметам дека ги научивме грешките и се надеваме дека нема да ги повториме. Знаеме што може да се очекува на овој натпревар, знаеме сите какви амбиции има и каков тим е Брегалница. Очекувам добар натпревар, со многу жар од обете страни. Силекс ќе се надигрува со Брегалница. Не криеме дека сакаме добар резултат попаднево на овој натпревар“ истакна за “Спортмедиа“ стратегот на кратовци Горазд Михаилов.