Шкендија ја оствари целта. Успеа да дојде до трите бода на гостувањето кај Работнички. Триумфираше со 2:4, но во одличен меч за гледање.
По средбата за “Спортмедиа“ свој коментар имаше стратегот на тетовци Ќатип Османи.
“Мислам дека ова беше одличен меч за гледање, имаше од се по нешто што фудбалот го прави интересен. Секако дека сум задоволен од тоа што Шкендија победи, но не сум задоволен од тоа што во одредени моменти не бевме доволно паметни. Работнички покажа дека е квалитетен состав, имаше и водство, имаше и шанси, но сепак на крајот ние победивме и тоа заслужено. Ова се големи три бода за Шкендија“ посочи Османи.