Властите во Саудиска Арабија не ја исклучуваат можноста земјата да биде домаќин на уште една трка во Формула 1, откако ќе биде изградена модерната патека во Кидија на периферијата на главниот град Ријад. Ова се очекува да се случи во 2026 година, кога се планира да се пресели таму Големата награда на Саудиска Арабија.
Трката моментално се одржува на патеката Џеда Стрит, која од самиот почеток беше најавена како само привремен домаќин на трката. Сепак, властите во земјата сега почнаа да ја разгледуваат можноста да бидат домаќини на две трки во календарот, една во Кидија и една во Џеда.
„Нема да кажеме не. Навистина ги гледаме придобивките од овие настани за Кралството, поради што инвестираме во нив“, рече министерот за туризам на Саудиска Арабија, неговата екселенција принцот Абдулазиз Бин Турки Ал-Фајсал.