Скопје остана без тренер: Тупан си поднесе оставка!

1022

Славчо Георгиевски – Тупан не е веќе тренер на Скопје. По денешниот пораз од Македонија ЃП со 2:0 во Ѓорче, Георгиевски си поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на струката на тимот од Автокоманда.

Да, точно е дека си поднесов оставка. Мислам дека така е најдобро за сите, а посебно за клубот, за тимот. Најдобро ќе биде да има еден вид на шок терапија. Мислам дека е доста, реков, вака е најдобро за сите. Посебна благодарност на раководството на клубот кое ми дада шанса да го водат тимот на Скопје, а на играчите посебна благодарност за соработката. Се разбира дека на сите во ФК Скопје им посакувам се најубаво“ изјави за „Спортедиа“ Георгиевски.

Да потсетиме дека тој седна на клупата на “пиратите“ ова лето, пред стартот на сезоната.

Претходно„Сините“ се далеку од Европа: Како Ристовски ја “зашвајцува“ Брегалница! (ВИДЕО)
СледноФантастична партија на Стојан Ѓуроски за прва победа!