„Момците докажаа дека се тим. Дејствувавме организирано, почнувајќи од начинот на кој ја контролиравме играта и завршувајќи со многуте удари. Драго ми е што за прв пат во сезоната победивме на гостински терен. На три од претходните пет натпревари не постигнавме гол, но денеска покажавме карактер“, прокоментира Алегри па додаде.
„Имавме доста разочарувачки резултати, но понекогаш сесоздаваат околности на кои не можеме да влијаеме.Вечерва го направивме првиот чекор кон излез од непријатната ситуација. Не се сомневам дека ќе успееме ако продолжиме во истиот дух. Не бев загрижен бидејќи го видов односот на тимот. Создадовме многу шанси и можевме порано да поведеме. Се надевам дека наскоро ќе бидеме поефикасни“, – изјави тренерот на Јуве.