Гасперини: Првото место е голема чест за момците

91

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини секако дека е презадоволен од фактот што неговиот тим е лидер на табелата во Серија А, и што тимот едноставно игра одлично сезонава. Аталанта вчера на домашен терен успеа да слави над Сасуоло со 2:1, и покрај тоа што госитите поведоа. Аталанта е лидер во моментов на табелата.

„Целиот тим е среќен и позицијата на табелата по десет кола е голема чест за момците. Не почнавме најдобро, иако бевме добро организирани, но сега го подобруваме нашиот стил. Полни сме со ентузијазам и се надеваме дека ќе останеме во такво расположение што е можно подолго“, изјави Гасперини за Sky Sport Italia.

ПретходноРишарлисон под знак прашалник за Мундијалот!?
СледноИнтер на рутински начин ја “реши“ Салернитана! (ВИДЕО)