Деонте Вајлдер успеа на голема врата да се врати во рингот по поразот од Тајсон Фјури. За противник го имаше Роберт Хелениус кого го нокаутираше уште по првата рунда.
Овие двајца боксери тренирале многу пати заедно и добро се познаваат, па потегот на Хелениус да ризикува и да тргне во напад ги изненади многумина. Кога Хелениус почна да напаѓа, доби разурнувачки удар од Вајлдер, кој едноставно го патосираше.
Вајлдер е познат по тоа што го има еден од најсилните удари во светот на боксот, што овој пат најдобро го почувствува скандинавскиот боксер.
За него ова беше 43. победа во неговата кариера, 42 од нив звршиле со нокаут.
Omg. Wilder sent him to Valhalla in round ONE!!!!
Bombbbbbbb squaddddddd pic.twitter.com/qRJOyf6ywD
— BOXING n BBQ (@BOXINGnBBQ) October 16, 2022