Се разделија Шкендија и дефанзивецот Јан Вондра

323

Чешкиот дефанзивец Јан Вондра ја напушти Шкендија по мечот со Работнички во првенството. Тој не се снајде во Шкендија и пред мечот во Скопје, тој се поздравил со соиграчите и си заминал. Инаку Вондра дојде во Шкендија во летниот преоден рок oд тимот на Бохемијанс од Прага и повеќето мечеви ги помина на клупата. Играше во ремито 2:2 против Арарат во Ерменија, а во првенството одигра три меча и два во Купот.

ПретходноНаполи ја продолжи победничката серија, совладана е Болоња
СледноКако ќе го запреме Халанд? Еве вака…