Алекс Ринс, возачот на Сузуки е победник на трката за Големата награда на Австралија. На 18-та трка во Мото ГП шампионатот, тој го запиша првиот триумф после две години, вкупно 16-ти во неговата кариера.
Ринс целта ја мина за 186 илјадитинки пред Марк Маркез од Репсол Хонда. На третото место се најде Франческо Бањаја, кој сега има 14 поени предност пред Квартараро, кој остана без пласман во Австралија.
Бањаја има 233 поени, Квартараро е на второто место со 219 поени, додека пак А.Еспаргаро има 209 поени.