Англија ќе мора без Рис Џејмс во Катар

122

Продолжуваат лошите вести за селекторот на Англија, Герет Саутгејт. Откако тимот испадна од Елитната дивизија во Лигата на нации, синоќа стана јасно дека еден од главните играчи во составот, Рис Џејмс речиси сигурно ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар . 

Дефанзивецот на Челзи се повреди на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите пред неколку дена. Вчера беше подложен на детален преглед од специјалист кој потврдил дека повредата на коленото е сериозна. Добрата вест е што не е потребна операција, но закрепнувањето на десниот бек ќе трае околу 8 недели, соопштија од клубот.

„Трката со времето е во тек… Но, нема да се откажеме“, напиша Џејмс на социјалните мрежи.

Сепак, тој веројатно нема да влезе во тимот на Саутгејт за Светското првенство. Дури и ако неговата рехабилитација оди според планот, дефанзивецот ќе ја пропушти целата групна фаза и најрано може да биде во ред за нокаут фазата. 

ПретходноКагава со гол од корнер покажа дека фудбалски не е „мртов“ (ВИДЕО)
СледноДрејк чека победи на Арсенал и Барселона за четири милиони добивка