Манчестер Сити го претрпе првиот пораз оваа сезона, откако попладнево на „Енфилд“ загуби минимално со 1:0 во големото дерби против Ливерпул. Моментот на одлука беше 76. Минута кога Мохамед Салах успеа да го совлада Едерсон за водство и победа на „црвените“.
На голот на Салах му претходеа два промашени „зицери“ за домашните, но и поништен гол за гостите.
Манчестер Сити погоди преку Фоден во 54. минута, но Халанд направи прекршок над Фабињо, кој подоцна беше потврден од ВАР-собата, а судијата Тејлор самиот го погледна видеото и го поништи голот за гостите.
Жота имаше 100% шанса веднаш потоа, но со глава биеше над голот.
По голот на Салах, Ливерпул имаше уште две зрели шанси да ја запечати победата, но Нуњез одигра премногу себично во ситуација 3 на 1 пред голот на Едерсон и Ливерпул остана на минимална предност.
Во завршницата Тејлор му покажа директен црвен картон на Клоп поради една негова жестока реакција кон помошникот судија поради недосуден очигледен прекршок врз Салах.
Liverpool 1-0 Manchester City
Goal Mo Salah. pic.twitter.com/BVcfph913n
— Fast GøaIs. (@iF29s) October 16, 2022