Бадел 1862 одбраната на тронот ја почна според планот, Вардарки ја имаат најубедливата победа!

93

Овој викенд стартуваше и Првата женска лига. Првото коло мина без изненадувања, фаворитите дојдоа до посакуваните бодови.

Актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862, иако со осетно подмладен состав, славеше победа на гостувањето во Кавадарци, против Пробаскет, на крајот и убедливо и ефикасно (95:82).

Најубедливата победа им припадна на кошаркарките на Вардар, на домашен терен славеа против Струга со 33 поени разлика (77:44), и најавија дека се подготвени да се вмешаат во трката за највисок пласман.

Планираните бодови ги „зграби“ и Баскет Кам 2011. Во првото коло актуелниот освојувач на Купот на Македонија без проблем го доби дуелот со дебитантот во ова натпреварување, екипата на Гризли (85:63).

Можеби мало изненадување е сигурната победа на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, против Крива Паланка од (59:46).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      59:46

Пробаскет – Бадел 1862 82:95

Гризли -Баскет Кам 2011           63:85

Вардар – Струга 2009      77:44

ПретходноБесарт Ибраими пред супер – дербито: Очекувам спектакл на Чаир, Струга ТЛ посакува најмалку реми!
СледноДен за мега – дерби дуели: Ел Класико, Ливерпул – Сити, ПСЖ – Марсеј….