Баерн Минхен го демолираше Фрајбург во Бундеслигата со што се врати на втората позиција на табелата.
Фрајбург на „Алијанц Арената“ немаше никакви шанси да се надева на некакво изненадување. Неизвесноста ја имаше само половина час, а потоа Баерн веќе имаше предност од 2:0 со головите на Гнабри и Чупо-Мотинг.
Во второто полувреме од 52. до 55. Минута „баварците“ со головите на Сане и Мане стигнаа и до 4:0, а во 80 минута погоди и Забицер за конечни 5:0.
Фрајбург со овој пораз падна на третото место.