Бесарт Ибраими пред супер – дербито: Очекувам спектакл на Чаир, Струга ТЛ посакува најмалку реми!

148

 

Шампионот против лидерот. Шкупи против Струга Трим Лум. Тоа е супер – дербито на 11.коло во ПМФЛ. Чаир ќе “гори“, доаѓа непобедливата Струга ТЛ. Попладнево од 14 часот се среќаваат екипите на Гоце Седлоски и Срѓан Захариевски, некогаш соиграчи во А-репрезентацијата на Македонија.

За овој меч има многу да се говори, една од темите секако е Бесарт Ибраими, најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ, првиот “бомбардер“ и во тековната сезона.

За “Спортмедиа“ Ибраими има свој коментар за овој денешен дуел…

“Очекувам спектакл на Чаир. Верувам дека трибините ќе бидат испонети, тоа му дава посебен шмек на секој натпревар. Според мене нема фаворит, и двете екипи располагаат со екстра квалитет за наши услови. Ова за нас ќе биде едно од најтешките ако не и најтешко гостување сезона, па играме кај шампионот. Шкупи мора максимално да се респектира и почитува. Но Струга ТЛ си има свои сметки“ вели Ибраими.

За тоа како ќе игра Струга ТЛ, на кој начин ќе се обиде да дојде до деветтата победа сезонава, Ибраими е конкретен:

“Како и досега, со максмално ангажирање, со многу мотиви, со стриктно спроведување на задачите на стручниот штаб. Знам дека ние играчите ќе го дадеме максимумот, ќе одиграме најдобро што можеме. Не е важно дали Бесарт ќе даде гол на Чаир, поважно е Струга ТЛ да дојде до добар резултат, најмалку до реми“ заврши Ибраими.

Во пресрет на овој меч разликата меѓу двете екипи е 10 бодови во корист на стружани. Во случај на триумф на Струга ТЛ, која има 8 победи и едно реми досега, се чини дека и тоа би било крај на шампионските амбции на Шкупи.

Натпреварот се игра на Чаир денеска од 14 часот, главен судија е Александар Ставрев.

ПретходноЛазаров со промени во составот за дуелот со Турција!
СледноБадел 1862 одбраната на тронот ја почна според планот, Вардарки ја имаат најубедливата победа!