ВМФЛ: Вардар на мегдан со Беса, Гостивар по бодови со Тетекс, Езерско дерби во Охрид

331

 

Попладнево од 14 часот се играат сите осум мечеви од 8.коло во ВМФЛ. Нема класично дерби, но затоа има неколку мечеви кои го предизвикуваат вниманието. Вардар ја чека Беса, овој меч ќе го има во живо  и на Спорт Клуб. Лидерот е фаворит, но Беса има свои амбици.

Гостива му гостува на Тетекс. Овој натпревар се игра во Велес поради казната на „штофарите“. Гостиварци очекуваат три бода и ништо помалку.

Езерско дерби во Охрид. Се среќаваат Охрид и Караорман, лутите ривали со децении наназад. Арсими го дочекува Пехчево, а Детонит Плачковица очајниот Борец.

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ПЕЛИСТЕР – СЛОГА (В)

БЕЛАСИЦА – ВОСКА СПОРТ

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР

ВАРДАР – БЕСА

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА

АРСИМИ – ПЕХЧЕВО

ОХРИД – КАРАОРМАН

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БОРЕЦ

ТАБЕЛА

Вардар 19, Воска 17, Гостивар 15, Детонит Плачковица 13, Беса 11, Пелистер 11, Караорман 10,  Охрид 10, Арсими 9, Беласица 9, Кожуф 7, Тетекс 7, Пехчево 6, Слога (В) 6, Каменица Саса 5, Борец 0

ПретходноСузуки победник во Австралија, Бањаја го симна Квартараро од врвот!
СледноДесница како што никој нема: Бронзениот бомбардер се врати и покажа сила (ВИДЕО)