Захариевски: Не сакам да го коментирам пеналот, одиме понатаму

449

Лидерот во домашниот фудбалски шампионат, екипата на Струга ТЛ денеска во Скопје го претрпе првиот сезонски пораз. Актуелниот шампион Шкупи со минимални 1:0 успеа да ја прекине серијата без пораз на струшкиот прволигаш.

„Типичен дерби дуел, каде што немаше многу шанси, туку многу тактизирање од двете страни. Мислам дека одлучувачки беше пеналот кој што не сакам да го коментирам. Ние имавме свои шанси после примениот гол, но потфрли реализацијата, така што продолжуваме понатаму без разлика на овој пораз”, изјави по мечот, стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.

ПретходноРеал е кралот: „Ел Класико“ дуелот за европскиот шампион (ВИДЕО)
СледноЛазаров по победата: Честитки до момците, искрено не очекував таков старт!