Македонската ракометна репрезентација е на чекор до пласман на Европското првенство. Новата генерација со помош на неколку искусни имиња, предводена од Кирил Лазаров со две убедливи победи ги отвори квалификациите за континенталното натпреварување во 2024 година. На домашен терен беше совладан Луксембург со 38-24, додека денеска во Ван, нашите момци славеа со 27-36.
Иако сите очекуваа дека мечот ќе биде поинаков старт од Скопје, сепак во Ван лесно го решивме мечот, по само 13 минути, Македонија водеше со 9-0 и веќе стави до знаење дека ќе си оди со целиот плен.
Ваква разврска не очекуваше ниту Лазаров, бидејќи ни самиот не е на чисто што може да очекува.
„Искрено не очекував. Се уште не сум на чисто што можам да очекувам од оваа млад и неискусна Македонија. Дефанзивно отворивме добро на чело со Митревски на голот, потпомогнат од нашата одбрана“, се првите зборови на Лазаров за СПОРТМЕДИА од Ван.
Предводникот на нашиот национален тим им честиташе на сите во тимот, кои придонесоа за изградба на новата Македонија.
„Во целост сум задоволен и од мечот со Луксембург и денеска од Турција. Честитки за сите играчи и стручниот штаб, и сите луѓе кои помагаат да изградиме нова сериозна репрезентација“.