Лапорта влегол во соблекувалната на судиите барајќи објаснувања

212

Барселона загуби со 3:1 во дербито со Реал Мадрид, а претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта бил толку бесен од настаните на теренот што по мечот влегол во соблекувалната на судиите барајќи објаснувања за недосудениот пенал по паѓањето на Роберт Левандовски при контакт со Дани Карвахал во казнениот простор во 75 минута, како и досудениот пенал по стартот на Ерик Гарсија врз Родриго во финишот на натпреварот.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта влегол во соблекувалната на судијата барајќи разјаснување за одредени ситуации за време на натпреварот.

Во врска со тоа, од него беше побарано да ја напушти соблекувалната на судиите, немаше дополнителни инциденти“, вели главниот судија на натпреварот, Хозе Марија Санчез Мартинез, во извештајот.

ПретходноКако ќе го запреме Халанд? Еве вака…
Следно„Тоа е Енфилд, ме гаѓаа со монети, не ме погодиja, можеби следниот пат ќе бидат поуспешни“