Мурињо еднаш забележа дека нешто не е во ред со голот (ако се сеќавате, откри дека едниот гол е помал) на стадионот „Тодор Проески“, но тоа не е случај само кај нас. И во понапредни земји, како на пример во колевката на фудбалот Англија се случува тоа. Денешниот меч меѓу Хал Сити и Бирмингем Сити од Чемпионшип дивизијата доцнеше затоа што некој забележал дека стативите на едниот гол биле повисоки за 5 САНТИМЕТРИ.
Откако биле детално измерени и беше утврдена грешката, голот беше изваден и со машинка за сечење метал беа скратени стативите за 5 сантиметри. Кога се беше повторно премерено и утврдено дека висината е запазена, мечот започна.
Бирмингем славеше со 2:0.
Hull City x Birmingham City começará atrasado porque os gols estão maiores do que o estabelecido.
A solução: serrar 5cm. pic.twitter.com/0ma1swieJN
— Curiosidades Premier League (@CuriosidadesPRL) October 16, 2022