Петровиќ: Заслуживме ваков пораз!

261

МЗТ Скопје запиша нов и убедлив пораз во АБА-лигата, на гостувањето кај Будуќност беше совладан со 89-66. Актуелниот македонски првак одигра под нивото, имаше голем број на грешки и промашени слободни фрлања, како и слаба реализација за три поени.

Ако против Партизан, Александар Петровиќ беше задоволен од залагањето на своите момци и покрај поразот, сега по бледото издание во Подгорица има број забелешки и секако незадоволство.

„Не сум задоволен како изгледаше мојата екипа, особено во нападот и во ситуациите кога нашите бекови не ја читаа играта на противникот. Имавме премногу загубени топки. Таман намаливме на само шест поени разлика, влеговме во серија глупави грешки и промашивме чисти шутеви. Имавме лоша реализација во шутот за три поени и од линијата за слободни, заслуживме ваков пораз“, изјави Петровиќ.

Македонскиот првак шансата за прва победа ќе ја бара против Студенски на домашен терен.

ПретходноАтлетико „преживеа“ во Билбао и освои три бода (ВИДЕО)
СледноДе Јонг откри низ се што минал ова лето: Новинари, притисок…