Полувреме: Македонија ја „гази“ Турција во Ван, води со девет гола разлика!

262

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме во Ван води со 8-17, доволна разлика за дојде до втората победа во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 година. Нашите момци на дело покажаа зошто се фаворити и против Турција, претпазливо без потценување набилдаа позитива во само 13 минути за лесен тек на натпреварот.

Митревски има седум одбрани, Томовски една (седум метри), Манасков постигна четири гола, по три имаат Јагуриновски и Талески.

Избраниците на Кирил Лазаров одлично го отворија мечот поведоа со 0-9 во 13 минута со головите на Пешевски (два), Ѓорѓиев, Јагуриновски, Талески (два), Костески, Серафимов и Манасков. На голот, Никола Митревски во оваа серија запиша шест одбрани. Одбраната беше добро поставена, па противникот од неизградени ситуации шутираше.

Турција не искористи ниту удар од седум метри, Томовски ја запиша првата одбрана. Македонија во 13 минута го заработи второто исклучување, но тоа не беше пречка за да продолжи во ист ритам, после долго време Манасков се запиша во листата на стрелци.

Првиот гол противникот го постигна во 14 минута за 1-9, Манасков врати на плус девет (1-10). Нешто подоцна со првиот погодок на мечот, Џонов ги врати највисоките плус девет 3-12. Македонија во 19 минута остана без двајца ракометари, домаќинот успеа да направи серија од 3-0 за 5-12. Манасков го прекина налетот на труските репрезентативци.

Доминацијата и победата, слободно можеме да кажеме ја најавивме во 27 минута, Маркоски зголеми на двоцифрени 7-17. На одморот резултатот е 8-17.

Со оглед на искуството кое го имаме и квалитетот, не треба да има изненадување и во вториот дел, Македонија треба да дојде до бодовите и да се најде на чекор до ЕП 2024 година.

ПретходноЧаир слави: Дали Ставрев погреши!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноУдинезе непоразен на “Олимпико“, Нестор остана на клупата!