Полувреме: Шкупи напаѓа и се заканува, Струга ТЛ се брани, нема голови на супер – дербито!

123

Без голови на Чаир по првите 45.минути на супер – дербито меѓу Шкупи и Струга ТЛ, во последниот меч од 11.коло во ПМФЛ. Во дуелот на актуелниот шампион против лидерот на табелата, не видовме досега којзнае каква фудбалска убавина. Шкупи тргна со ултра офанзива, имаше и неколку закани, посебно во 18.минута кога во еден напад дури трипати чаирчани опасно се заканија Хамиди, Диен и Куевен, но опасноста беше отстранета. Од далечина подоцна се закани и Алварез, но голманот Ќосевски секогаш беше на своето место.

Струга ТЛ уште во 3.минута можеше да го шокира Шкупи кога Мерџани изби сам пред Наумовски нешто оддлево, добро шутираше, но домашниот голман одлично одбрани.

Да кажеме дека во почетниот состав на Струга ТЛ го немаше “бомбардерот“ Бесарт Ибраими, се очекува тој да влезе во второто полувреме.

ПретходноИнтер на рутински начин ја “реши“ Салернитана! (ВИДЕО)
СледноАлегри: Направивме чекор во вистинската насока