Ракометарите со порака од Ван: За кого – за Македонија!

280

Македонската ракометна репрезентација широко ги отвори портите кон пласман на ново големо натпреварување, овој пат на Европското првенство 2024 година. Во Ван, Кирил Лазаров и неговите избраници ја совладаа Турција со убедливи 27-36, сега имаат четири бода по само две квалификациски кола во својата група, против Португалија би требало да се борат за првото место на табелата.

Младите момци заедно со неколкуте искусни имиња покажаа дека ракометот долго време ќе биде број еден спорт во Македонија. Обезбедено е СП 2023 година, а веќе е јасно дека нашата земја ќе игра и на ЕП 2024 година.

Од Ван пристигна и фотографија – за кого, за Македонија. Нашите момци секогаш играат со срце за својата татковина.

ПретходноЈагуриновски незадржлив, со ремек дело против Турција (ВИДЕО)
СледноРеал е кралот: „Ел Класико“ дуелот за европскиот шампион (ВИДЕО)