Манчестер Сити доживеа пораз од Ливерпул на „Енфилд“ со 1:0 што е нивни прв пораз сезонава во Премиер лигата. Пресуди голот на Мохамед Салах. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола ги кажа причините за поразот но и беше незадоволен за поништениот гол на Фоден.
„Тоа е Енфилд. Одигравме добар натпревар, меѓутоа на ваквите натпревари разликите се минимални и грешките се казнуваат. Ние направивме грешка и затоа изгубивме. Игравме на победа. По 1:0 публиката беше гласна, но ние бевме по бучни“, изјави Гвардиола.
Во 53 минута Фил Фоден постигна гол, но судијата го поништи затоа што Халанд направил прекршок во напад.
„Судија викаше да играме. Не го признаа голот затоа што ние го постигнавме. Публиката ме гаѓаше со монети и некои предмети, но не ме погоди. Можеби следниот пат ќе бидат поуспешни“, додаде шпанскиот тренер.
Pep Guardiola loves a visit to Anfield! 🤣 pic.twitter.com/vqgqOplnUI
— EuroFoot (@eurofootcom) October 16, 2022
На тоа тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави.
„Се браневме на високо ниво. Сити не можеше да дојде до чисти контри, а ние три пати бевме во таква ситуација. Головите го одлучуваат натпреварот, меѓутоа ние имавме многу добри моменти против, слободно ќе кажам, најдобрата екипа на светот“, изјави Клоп кој кажа некој збор и за црвениот картон што го доби поради бурна реакција.
„Веројатно заслужено го добив црвениот картон. Тоа беше чист прекршок, а помошниот судија не го крена знаменцето. Како и да е, одигравме добар натпревар и излезе супер за нас“, заклучи Клоп.