Удинезе непоразен на “Олимпико“, Нестор остана на клупата!

57

Лацио и Удинезе одиграа 0:0 на Олимпико, во меч од 10.коло во Серија А пошладнево. Со овој бод тимот од Удине покажа дека навистина не се шегува, интересно гостите во 85.минута преку Делофеу можеа да и победат ако овој место пречката ја погодеше мрежата. Во вториот дел шансите беа на страната на гостите, но во првиот дел Лацио имаше повеќе шанси.

Да кажеме дека Илија Несторовски на овој меч не доби шанса, цело време ја “грееше“ клупата на Удинезе.

Во вторриот меч во попладневниот термин, Специа и Кремонезе одиграа 2:2. Десерс му донесе водство на гостинот, следуваа два гола за пресврт на Специа преку Нзола и Холм, за да во 52.минута Пикел ги постави конечните 2:2.

ПретходноПолувреме: Македонија ја „гази“ Турција во Ван, води со девет гола разлика!
СледноБензема и Валверде ја „скршија“ Барса во првото полувреме на „Ел Класико“ (ВИДЕО)