Уникс Казан „гази“, Димитријевиќ со прв дабл-дабл!

166

Уникс Казан дојде до четвртата победа во низа во ВТБ-лигата, и одново истата беше убедлива. Овој пат тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ на домашен терен ја совлада Астана со 109-54 и ја продолжи битката за првото место на табелата во која се бори и ЦСКА на Емил Рајковиќ.

Нашиот најдобар кошаркар и овој пат беше меѓу најдобрите во составот на Уникс.

За 23:16 минути запиша дабл-дабл. Нено постигна 11 поени и беше речиси перфектен, 1/2 за три, 4/4 за два поени. Зад своето име додаде 11 асистенции, два скока, три украдени топки и исто толку изгубени.

ПретходноЧаир обезбеди пласман во 1/16-финалето на Европскиот куп
СледноМукаетов со честитки: Браво момци! Напред Македонија!