Чави: Лут сум затоа што не го правиме тоа што треба

719

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го критикуваше настапот на неговата екипа во поразот од Реал Мадрид со 3:1. Најмногу ги потенцираше пропуштените шанси за гол и грешките за постигнатите голови. Потоа ја префрли вината на себе не посочувајќи ги имињата на играчите од кои не беше задоволен.

Си заминуваме со празни раце. Ние не ги искористивме нашите шанси, а Реал ги искористи нивните. Ние сме во динамика каде што ништо не ни оди како што треба и тоа треба да го промениме од четврток (играат со Виљареал) па натаму. Не можам да бидам среќен со речиси ништо по поразот со 1:3.

Ни недостигаше сила и агресивност. Требаше да правиме фаули, да прекинуваме контра напади, да бидеме позрели во играта. Тие го искористија моментот. Си кажавме дека мора да прекинеме со контра нападите, а со првиот гол бевме фатени во транзиција.

Ако сакаме да победуваме на вакви натпревари, мора да го промениме нашиот менталитет. Она што ме загрижува е што не бевме на нашето ниво на игра. Првиот гол не требаше да се случи и таму требаше да фаулираме. Се работи за наши грешки и не правење она што треба. При првиот гол требаше да направиме фаул, а при вториот имаше погрешна комуникација. Исто така, треба да бидеме поефикасни“, вели Чави кој ја префрли вината на себе.

Не сакам да ги критикувам играчите, само кажувам што се случи. Сепак, јас сум капетан на бродот, па вината е моја. Но, треба да ги ограничиме грешките. Сепак, за разлика од Реал Мадрид, ние не го направивме тоа. Само што почнуваме и сме тим во изградба, но треба да созрееме за да се натпреваруваме на ова ниво. Противникот не победи затоа што знае да се надигрува. Тие се позрел тим и добро и знаат што да прават во секој момент“, прокоментира Чави по мечот.

 

ПретходноМечот Хул-Бирмингем доцнеше затоа што стативите беа 5 сантиметри повисоки
СледноБаерн го „смачка“ Фрајбург и скокна на второто место на табелата (видео)