Ракометарките на Чаир славеа против косовски Истогу со 33-26 патуваат во следната фаза во Европскиот Куп. На првиот од двата дуели чаирчанки загубија со минимални 34-33, но денеска со одлична игра го потврдија квалитетот.
Марија Николовска со осум погодоци беше најефикасна кај нашиот тим, каде по пет гола постигнаа и Ѓорѓиевска и Гулицоска.