Шкупи од спорен пенал ја урна Струга ТЛ и се врати во игра за тронот!

326

Шкупи – Струга ТЛ 1:0 е епилогот од супер – дербито одиграно попладнево на Чаир. Решавачкиот момент се случи во 52.минута кога судијата Ставрев, по судирот на Адетунџи и голманот Ќосевски го окарактеризира како пенал, иако рака на срце според пенал во најмала рака. Пеналот во гол го претвори Алварез.

Сепак на крајот Шкупи победи, ја урна Струга ТЛ за која ова беше прв пораз сезонава. Шкупи се враќа во игра за тронот, и тоа како.

Мечот започна со шансата на Мерџани, и тоа во 3.минута кога Струга ТЛ можеше да поведе со 0:1, но голманот Наумовски одлично одбрани и го спаси својот гол. Шкупи беше поагресивен, повеќе напаѓачки ориентиран и имаше неколку закани. Ова посебно се однесува на 18.минута кога во еден напад дури во три наврати домашните се заканија преку Хамиди, Диен и Куевен, но гол немаше.

Подоцна од далечина се закани и Алварез, но гостинскиот голман одлично бранеше.

Во вториот дел во тимот на Струга ТЛ почна и тоа како да игра, се редеа акциите во домашната половина, но сепак без некоја посебна шанс.

И тогаш дојде таа 52.минута кога по судирот на Ќосевски и Адетунџи, иако гостинскиот голман прв дојде до топката судијата Ставрев се одлучи да покаже на белата точка, иако според ТВ снимката не сме баш убедени дека имаше пенал.

Бадијала протестите на гостите, а Алварез по речиси петминути пауза додека му се укажуваше прва помош на гостинскиот голман, успеа да затресе мрежата на Струга ТЛ за 1:0, за еуфорија меѓу домашните фанови. Момент кој секако дека ќе предизвика реакции и дополнителни анализи.

По тој изведен пенал, очигледно дека Ќосевски не можеше да го продолжи мечот па мораше да биде заменет со младиот Китановски.

Во 72.минута Кочоски имаше зицер за 1:1, но сепак не успеа да го погоди голот на домашните. Каква шанса за Струга ТЛ?

Подоцна и Укпа беше во шанса, но повторно немаше гол. И Шкупи од контри се закануваше.

Сепак на крајот останаа тие 1:0 за Шкупи, кој сега разликата во однос на лидерот ја намали на -7 бодови.

ПретходноТотенхем го има најдобриот старт во Премиерлигата во последните 60 години!
СледноВМФЛ: Гостивар го „прегази“ Тетекс, славеа и Вардар и Пелистер