Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Њукасл ремизираа 0:0 во еден од најинтересните денешни натпревари во 11. коло на англиската Премиер лига.
Кристијано Роналдо беше во стартниот состав на „црвените ѓаволи“, но денеска не успеа да се запише во стрелците, ниту тој, ниту неговите парнери во нападот.
Калум Вилсон ја имаше најубавата шанса за гостите, но до крајот навивачите на „Олд Трафорд“ не видоа гол.
Како гостин, Челзи победи против Астон Вила со 2:0. „Сините“ поведоа веќе во шестата минута со голот на Мејсон Маунт, а победата на Челзи ја потврди истиот фудбалер со својот втор гол во 68. минута.
Третиот пиопладневен дуел меѓу Саутемптон и Вест Хем заврши без победник, 1:1.