ВМФЛ: Гостивар го „прегази“ Тетекс, славеа и Вардар и Пелистер

866

Попладнево се одиграа сите мечеви од 8.коло во ВМФЛ. Гостивар како гостин успеа со 0:7 просто да го прегази тимот на Тетекс на мечот во Велес каде и се играши и со тоа да направи дебито на клупата на тетовци на Љупчо Димовски и повеќе од катастрофално.

Вардар со 1:0, со многу мака успеа да победи и да освои големи три бода со што ја задржа лидерската позиција на табелата. Стрелец на голот беше Демир во 69.минута.

Воска Спорт како гостин славеше кај Беласица со 1:3 и тоа со головите на Фета, Рамадани и Јашаровски.

Пелистер успеа да слави со 3:0 на мечот во Битола и тоа против Слога Виница, значајни три бода за Плеистер. Детонит Плачковица минимално славеше со 1:0 против Борец.

Охрид го доби Езерското дерби и тоа со 1:0, додека Арсими и Пехчево одиграа без голови. Кожуф со 3:2 ја победи Саса.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

ПЕЛИСТЕР – СЛОГА (В) 3:0

БЕЛАСИЦА – ВОСКА СПОРТ 1:3

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 0:7

ВАРДАР – БЕСА 1:0

КОЖУФ – САСА 3:2

АРСИМИ – ПЕХЧЕВО 0:0

ОХРИД – КАРАОРМАН 1:0

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БОРЕЦ 1:0

ПретходноШкупи од спорен пенал ја урна Струга ТЛ и се врати во игра за тронот!
СледноЧаир слави: Дали Ставрев погреши!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)