Еден од играчите чие заминување постојано се споменуваше летово, а на крајот остана во Барселона е Френки де Јонг.
Холандскиот репрезентативец не беше посакуван од каталонскиот клуб кој се договори со Манчестер Јунајтед околу трансферот, но Френки де Јонг се противеше, на крајот истиот пропадна.
Повеќе од еден месец по завршувањето на летниот преоден рок, Френки де Јонг призна дека имал „притисок“ вклучително и од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за да си замине, но рече дека никогаш не сакал да се раздели со Барселона.
„Бев мирен. Веќе во мај решив дека ќе останам и мојот став никогаш не се смени. Бев мирен, но притисокот доаѓаше од новинарите и од претседателот. Всушност, имаше притисок од сите страни, но јас сакав да останам во Барселона, па притисокот никогаш не влијаеше на мене“, изјави Френки де Јонг за „Марка“.
Останувајќи во Барселона, Френки де Јонг играше малку оваа сезона. Некогаш беше редовен во стартниот тим на тимот, а оваа сезона забележа 10 настапи, но стартер стартуваше само четири.