Со натпреварите од 1. коло вчера и официјално стартуваше новата сезона во домашното одбојкарско првенство. На стартот во најатрактивниот дуел меѓу тетовските ривали Универзитет во Тетово и Лирија, победата ја однесоа гостите со максимални 3:0.
Видовме два одлични први сетови во кои неизвесноста траеше до последниот поен, но послаодливи беа гостите кои ги добија со 25:23 и дојдоа до предност која во третиот сет со сталожена игра ја претворија во прва сезонска победа.
Шкендија славеше дома во три сета против скопски Либеро, додека во четири сета заврши пресметката меѓу новајлијата вое литата Сушево и Весна Пробиштип. Иако дебитантот го доби воведниот сет, поискусните гости славеа во следните три за конечна победа од 3:1.
Прва лига (мажи)
1-коло
Петровец – Штип УГД 0:3 (13:25, 16:25, 14:25)
Универзитет во Тетово – Лирија 0:3 (23:25, 23:25, 16:25)
Шкендија – Либеро 3:0 (25:17, 25:22, 25:22)
Сушево – Весна Пробиштип 1:3 (25:23, 21:25, 22:25, 21:25)
ГОК Борец – Македонија Џио 3:0 (25:9, 25:8, 25:10)
*Слободна е екипата на Струмица Никоб