Мукаетов со честитки: Браво момци! Напред Македонија!

818

Македонската машка ракометна репрезентација со право со години е најуспешното нешто што може да и се случи на нашата држава. Редовно учествува на сите големи натпреварувања, а по Светското првенство 2023 година, на дофат е Европското првенство 2024 година.

Вечерва во Ван, нашите момци ја совладаа Турција со 27-36 и заверија четири бода, кои ги носат на чекор до пласман на континенталното натпреварување.

Најголемиот поддржувач на репрезентативците и во порази и во победи, секогаш е првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Се радува на големите победи, тагува во поразите, но секогаш знае како да ги бодри и мотивира сите кои го носат националниот дрес.

Мукаетов, кој е заедно со ракометарите во Ван, се огласи на „Инстаграм“ профилот, им ја честиташе победа на репрезентативците. На дело виде дека со право верува во она што се гради, новата Македонија ќе го задржи континуитетот на учества на големи натпреварувања.

ПретходноУникс Казан „гази“, Димитријевиќ со прв дабл-дабл!
СледноАтомско дерби на „Енфилд“: Салах за победа на Ливерпул, Клоп доби црвен картон (ВИДЕО)