Нема веќе непоразени сезонава во ПМФЛ. Шкупи ја победи Струга ТЛ со 1:0 и тоа со гол од пенал на Алварез. Се разбира дека допрва ќе следуваат анализите, реакции, судиските анализи, прашање е дали судијата погреши кога покажа на пенал за Шкупи откако Адетунџи и Ќосевски беа во дуел. ТВ снимките јасно кажуваат, во најмала рака ова беше сомнителен пенал.
Сепак тоа е тоа. Шкупи се врати во игра за тронот, сега разликата на Струга ТЛ по ова 11.коло е +7 во однос на Шкупи и Силекс, како и +6 во однос на Шкендија.
Допрва битката за титулата ќе се разгорува.