Чуден, многу чуден натпревар на Златибор. ТФТ е демолиран во дебито во АБА2-лига, Пелистер максимално ги казни сите грешки, славеше со убедливи 65-75 во македонското дерби во ова натпреварување.
Хаџифезовиќ со 28 поени беше прв стрелец, зад него беше Мустафица запиша 16, Караџовски 12. На другата страна Мекбраер имаше 14.
Сликата која ја видовме е изненадувачка, особено ако се земе во предвид дека ТФТ секогаш бил проблематичен без разлика на силите со кои располага, но овој пат не беше така. Тимот од Тафталиџе целосно потфрли, мечот го предаде уште во првата четвртина во која постигна три поени за пет минути, а по завршување на истата имаше негатива од 8-25. Во следниот период малку ја поправи играта, но тоа не беше доволно, бидејќи на одморот резултатот беше 23-41 во корист на битолчани.
Кошаркарите на Пелистер одиграа добро во третата четвртина ја добија со 13-24 и во последните десет минути влегоа со предност од 36-65. До крајот за битолчани остана рутинската задача, која не беше ни малку тешко да се одработи. Во 32 минута предноста беше плус 30 (39-69). Избраниците на Марјан Илиевски се опуштија, па ТФТ успеа да ја намали негативата. На момент овој тим личеше чудно, заигра пресинг по цел терен, откако три четвртини „преспа“.
ТФТ за два дена игра против Сутјеска, додека Пелистер со Шенчур.