Крос му оддаде големо признание на човекот од сенка

1457

Во Ла Лига се одигра првото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, победата ја однесоа „кралевите“ кои славеа со убедливи 3-1 и се издвоија на врвот со три бода повеќе од најголемиот ривал.

Водечкиот гол го постигна Карим Бензема во 12 минита, во 35. минута Валверде зголеми на 2-0. Торес намали на 2-1, а додека во самио финиш кога се чинеше дека каталонците имаат шанса да се спасат од првиот пораз, беше досуден пенал за Мадрид од кој Родриго го потврди триумфот на својата екипа.

Реал со тоа остана единствениот непоразен тим во Шпанија, додека ова беше прв пораз на Барселона во Ла Лига оваа сезона. Во Лигата на шампионите, тимот на Чави забележа два порази од Интер и Баерн.

Тони Крос, искусниот играч за врска кој го одигра целиот натпревар и беше многу важен за својот тим, го пофали Валверде, стрелецот на вториот гол на Реал.

Уругваецот често е оспоруван, некако во сенка на сите други ѕвезди на Реал, но сега неговиот искусен соиграч му упати најдобар можен комплимент, пишувајќи на Твитер:

„Феде Валверде моментално е меѓу тројцата најдобри во светот“.

ПретходноПелистер го „завери“ Ѓорговски до 2025 година!
СледноТФТ дебитира против Пелистер во АБА 2-лига