Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас ја грее клупата сезонава. Добива минимална минутажа.
Па така Елмас на социјалните мрежи испрати по малку и контроверзна порака веројатно до тренерот Лучјано Спалети.
Истата гласи…
“Мојата прва љубов (клупата)“
На тоа реагираше спортскиот директор Кристијано Џунтоли кој изјави дека објавата на Елмас е шега.
„Елиф имаме извонредна мината сезона со седум гола и пет асистенции и речиси секојпат стартуваше како резерва. И ние мора да му бидеме благодарни. Во моментов, кога не може да помогне на теренот, сакаше сам да се пошегува и ништо повеќе. Тоа што други поинако го протолкуваа и лошо го прифатија не е наш проблем!“, рече Џунтоли.