Спалети му одговори на Елмас по неговата објава!

1288

Наполи на домашен терен во доста интересен натпревар ја совлада Болоња со 3-2 со голот на Виктор Осимен. Со овој триумф тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас остана на врвот на табелата со 26 бода, два повеќе од Аталанта.

Елмас влезе во 71. минута, исто како и Осимен кој влезе во 46 минута и го постигна победничкиот гол, уште еднаш потврдија дека резервните играчи оваа сезона се клучни. Седум гола од вкупните 25 им припаѓаат на фудбалерите кои доаѓаат од клупата.

Македонскиот репрезентативец пред овој дуел имаше интересна порака: „Мојата прва љубов – клупата“. По мечот стратегот на Наполи, Спалети индиректно му одговор на Елмас.

„Уште еднаш, играчите кои влегоа од клупата се покажаа како одлучувачки на крајот, па можат да бидат позначајни отколку да се стартери. Сите се вклучени“, рече Сплаети, кој потенцира дека момците вечерва го потсетиле колку е добро да се биде тренер на Наполи.

ПретходноМбапе го прекина молкот: Не сум побарал такво нешто од клубот!
Следно14 од 32 селекции имаат перфектни „два од два“, една од нив е новата Македонија!