Трофејот „Лав Јашин“ за најдобар голман во Европа за минатата сезона го доби белгискиот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
Минатата сезона, Куртоа помина 36 средби на голот на европскиот шампион, на кои прими 29 гола, а 16 меча ги заврши со празна мрежа. Во Лигата на шампионите Куртоа одигра 13 натпревари, прими 14 голови и имаше вкупно 50 одбрани.
На крајот на сезоната тој стана шампион на Шпанија, како и сопственик на трофејот во Лигата на шампионите.