Аларм во Португалија и Германија: Жота и Сане го пропуштаат Мундијалот!?

167

Продолжуваат лошите вести во пресрет на Мундијалот во Катар. На само месец до стартот на СП од ден на ден дознаваме дека голем број фудбалери поради повреда ќе го пропуштат фудбалскиот репрезентативен самит.

Најново е тоа што во селекциите на Португалија и Германија веќе има аларм.

И тоа поради Диого Жота, кој вчера како фудбалер на Ливерпуч се повреди на супер – дербито со Мначестер Сити и мораше предвреме да го напушти теренот. Од “редси“ потврдија дека нивниот играч е повреден и дека следува пауза.

Исто така денеска од Баерн Минхен потврдија дека Лирој Сане, еден од главните играчи на “панцирите“ се повредил и дека тој ќе мора да паузира извесно време.

Па така медиумите во двете земји почнаа со шпекулациите дека и Жота и Сане тешко дека ќе го видат Катар.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)
СледноМакедонија со победа го отвори развојниот турнир за девојки до 15 години!