Попладнево нашата репрезентација под водство на селекторот Благоја Милевски, го одработи првиот тренинг од подготовките за пријателската средба со С. Арабаија кој ќе се одигра на 22 октомври во Абу Даби.
На денешниот собир сите играчи се јавија, освен Дарко Велковски кој директно ќе се приклучи во Абу Даби.
Бесарт Ибраими, еден од најискусните меѓу играчите кои ќе настап на контролата со С. Арабија, имаше свој коментар…
„Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе биде мотивиран. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал, изјави Ибраими.