На мечот меѓу Тотенхем и Евертон се повреди Ришарлисон и го напушти теренот со патерици. Првите информации беа дека можеби ќе го пропушти Мундијалот. Деталните анализи покажаа дека повредата не е сериозна и дека бразилскиот напаѓач ќе се врати за неколку денови.
„Повредата не е сериозна. Потврдувам дека не е во опасност да го пропушти СП. Има проблем со листот на ногата и мислам дека ќе му треба малку време за да заздрави, а потоа да влезе во форма“, изјави тренерот Антонио Конте.
А Конте на следниот меч од Премиер лигата, против Манчестер Јунајтед освен на Ришарлисон не може да се потпре ни на Дејан Кулушевски кој има повреда на тетивата и ги пропушти претходните пет натпревари.