Иранската атлетичарка Елназ Рекаби во финалето на Азиското првенство во качување настапи без хиџаб.
Пред да се искачи, Рекаби си ја фати косата назад во опавче. Според иранскиот кривичен законик, жените кои не носат хиџаб на јавно место се соочуваат со затворска казна и парични казни.
Пред речиси еден месец во Иран траат протестите кои започнаа по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена од полицијата поради „погрешно“ носење хиџаб. Девојчето почина во болница откако таму било донесено од полициска станица каде очигледно била претепана.
In a historic move, Iranian athlete Elnaz Rekabi who represented Iran at the Asian Climbing Competitions finals in Seoul, competed without hijab, disobeying the Islamic Republic’s restrictions for female athletes. pic.twitter.com/KvxE5NoQLi
— Iran International English (@IranIntl_En) October 16, 2022