Гостивар се засили пред дуелот со МЗТ Скопје

114

Екипата на Гостивар потпиша со Арсеније Вучковиќ, кошаркар кој веќе го носеше дресот на овој клуб, но пред три години. Освежувањето во редовите „сините“ доаѓа пред утрешната средба против МЗТ Скопје во рамките на последниот меч од второто коло домашниот шампионат.

„Кога прв пат дојде во Гостивар имаше само 21 година и доаѓањето во нашиот клуб беше прв интернационален предизвик. Сега веќе на 24 години со солидно интернационално искуство во Црна Гора и Чешка се враќа повторно од каде што започна неговата интернационална кариера. Сигурни сме дека нема да му биде тешко да се вклопи во тимот, затоа што веќе знае како е да се игра пред најдобрата публика во Македонија!“, известија од Гостивар.

Минатата сезона ја помина во првата лига на Чешка каде имаше одлични бројки од 14.9 поени и 6.8 скока по натпревар.

ПретходноБесарт Ибраими: Убаво е чувството повторно да се биде дел од репрезентацијата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Стојановски го “бомбардираше“ Работнички