Изјава на годината: „Освен тие пет голови, не направија ниту една шанса“

854

Пред неколку денови Спортинг Хихон гостуваше кај Гранада во втората шпанска лига и победата ја однесе домаќинот со 5:0. Тоа беше неочекуван пораз на екипата од средината на табелата, а тренерот Абелардо Фернандез се наврати на тој пораз и ги изнасмеа сите на прес-конференција.

„Освен тие пет голови, не направија ниту една шанса“, изјави Абелардо во стилот на Жозе Мурињо кој како тренер на Реал беше декласиран од Барселона со 5:0 на „Ноу Камп“ кој кажа дека освен високата победа Барса не покажа ништо на теренот.

Очигледно, Абелардо не видел се на теренот. Гранада имала дури 13 шанси, пет удари во рамките на голот, а на крајот постигна пет голови. Хихон упатил три удари на голот.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Стојановски го “бомбардираше“ Работнички
СледноВнатрешната клупска политика ја СОТРЕ Брегалница!